MelBet и Одговорно коцкање

Коцкањето е првенствено забава. За жал, не може секој да ги контролира емоциите кога се работи за пари. Желбата да се повратат загубите или да се освои џекпотот може да се претвори во опсесија.

Обложувањето би требало да биде забавно. Ако сте фрустрирани, сте загрижени за резултите или се обложувате континуирано подолго време, тоа може да биде знак дека треба да направите пауза и да размислите за влијанието на обложувањето врз вашиот живот.

image
  • Историја на облози

    Следете ги вашите играчки активности

  • Историја на трансакции

    Пресметајте си ги трошоците

  • Ограничување за депозити

    Контрола и управување со сметката

  • Заштита на малолетници

    Безбедност на играчите

  • Пpaвилa и услови

    Општи правила и услови

Основни принципи на MelBet за одговорно коцкање

  • Отворено зборуваме за предупредувачките знаци дека постои проблем со коцкање и на сите наши играчи им обезбедуваме пристап до информациите кои им се потребни во случај да сакаат да побараат помош.

  • Нашето играчко опкружување е засновано на три основни принципи: вистинска правда, вистинска безбедност и вистинска превенција.

  • Им даваме на нашите онлајн играчи да постават свои ограничувања, вклучувајќи и ограничување на тоа колку трошат. Ова може да подразбира доброволно самоисклучување или парични ограничувања во играта. Во било кое време можете лесно да побарате намалување на овие ограничувања.

  • Правиме се за да се погрижиме дека клиентот целосно ги разбира нашите услуги и ризиците поврзани со коцкањето за пари:

    • детално зборуваме за тоа како функционираат облозите, промоциите и бонусите;
    • не користиме рекламни техники кои помагаат да се привлечат малолетни лица и луѓе кои се лесно поводливи;
    • ве предупредуваме на можноста да загубите
  • Очекуваме нашите клиенти да имаат разумен пристап кон обложувањето на спортски и други настани. Во рамките на опкружување за одговорно играње, самиот играч мора да се погрижи дека ги разбира сите ризици.

image

Одговорен играч

  • image

    Знае дека коцкањето е само забава

  • image

    Поставува одредено временско ограничување на дневна, неделна или месечна основа и се придржува до него

  • image

    Не користи коцкање како главен извор на приход

  • image

    Поставува конкретен износ за дневниот, неделниот или месечниот буџет и се придржува до него

  • image

    Прави редовни паузи меѓу играчки сесии

  • image

    Игра само со пари кои може да си дозволи да ги изгуби и ги смета сите загубени пари како цена за да се забавува

Заштита на малолетници

Нашето рекламирање е насочено исклучиво кон возрасни лица кои немаат сериозни психолошки проблеми.

    Компанија MelBet:
  • Не им дозволува на малолетни лица да играат и ги користи сите средства на располагање за да потврди дека неговите клиенти се полнолетни во согласност со законите на нивните земји.

  • Редовно ги проверуваме профилите на играчите за да бидеме сигурни дека ни дале точни податоци.

  • Доколку има какви било сомнежи во врска со автентичноста на документите, може да се изврши дополнителна проверка. На пример, MelBet може да побара хартиени копии од документите заверени на нотар или видеоидентификација. За стандардна верификација, обично се доволни фотографии од документот за лична идентификација и сметката за комунални услуги.

За жал, верификацијата не гарантира стопроцентен успех во случај кога малолетен играч има пристап до туѓи лични податоци. Ако тие податоци се доброволно дадени од страна на возрасно лице, многу е тешко да се направи нешто. Заштитата на малолетните лица во најголема мера зависи од членовите на нивното семејство. Ако делите компјутер со малолетник, морате да се погрижете да нема пристап до вашето корисничко име, лозинка и банкарски податоци. Тинејџерите може да ги искористат документите и финансиските податоци на своите родители, така што е важно да ги знаете нивните хобија. За да им го ограничите пристапот на малолетниците до онлајн коцкањето, можете да инсталирате специјални програми, како што се Cyber Patrol или NetNanny.

image

Совети од MelBet за одговорно коцкање

Секој играч мора да ги познава основните правила на одговорното играње за да го организира својот процес на играње. Придржување до овие правила го штити од негативните последици на зависности од коцкањето. За играта да носи само задоволство, ве молиме, немојте да ја злоупотребувате. Придржувајте се до следните правила на одговорното играње:

image

Знаци на зависност од коцкање

Претставниците на Америчкот здружение на психијатри укажува на знаците на зависност од коцкање, кои можат да бидат манифестација на четири или повеќе симптоми од оваа листе во текот на минатата година:

  • Упорна потреба за постојано коцкање, која доведува до значајни клинички нарушувања, кои се изразуваат како најмалку четири знаци присутни кај коцкарот во последните 12 месеци;

  • Потреба да се зголеми големината на облозите за да се постигне посакуваната возбуда;

  • Анксиозност и иритација кога се обидувате да ја скратите или напуштите играта;

  • Неуспешни обиди да ја контролирате вашата зависност од коцкање, да го намалите времето на играње или да престанете да играте;

  • Преокупираност со коцкање ( на пр. постојано навраќање на минати коцкарски исксутва, размислување како да се постигне предност во играта или да се најдат пари за играње, како и планирање на следната можност да се игра);

  • Многе луше, исцрпени од играње, се чуствуваат депримирано (се чувствуваат беспомошно, виновно, анксиозно, паѓаат во депресија);

  • Враќање неколку дена после загубата за да си ги вратите парите (надокнадите загубите);

  • Лаже за да сокрие колку се внесени во играњето;

  • Коцкање ги загрозува односите со блиските, на работа, во образованието или самото напредување во кариерата;

  • Во случај заради коцкање да дојде до немање на средства, човек го префлра решавањето на овие проблеми на други;

  • Однесувањето при играње не се објаснува со манично пореметување.

MelBet препоручува

MelBet им препорачува на клиентите повремено да си поставуваат неколку едноставни прашања:

  • Дали имате проблеми да го контролирате вашиот буџет за играње?

  • Дали позајмувате пари за да се обложувате?

  • Дали почнавте да имате несогласувања со семејството и пријателите заради трошоците за обложување?

  • Дали вашиот максимален депозит постојано расте?

  • Дали почнавте да посветувате помалку внимание на другите ваши вообичаени интереси и хобија?

  • Дали го потценувате вашето трошење и тоа колку сте страствени за играњето?

  • Дали сте депримирани заради неуспехот во играњето?

Важно

Ако позитивно сте одговориле на повеќето од прашањата, би требало да размислете да прекинете или барем да се префрлите на побезбеден начин на коцкање. Никогаш не е доцна да признаете дека имате проблем со зависност.

Ако проблемот со контрола на желбата за коцкање премногу озбилен, тогаш ви е неопходна професионална помош. Има многу меѓународни (GamblingTherapy, Be GambleAware) и локални организации кои им даваат поддршка на луѓето со голема зависност од коцкање. Лесно е да се најдат контактита на тие заедници во вашата земја во отвореним извори. Во секој случај, се зависи од волјата на играчот. Додека не признеа дека имаат проблем, ќе биде тешко да му се помогне.

Запамтете дека никогаш не треба да се коцкате кога сте под влијание на алкохол или дрога.

Самоисклучување: како да ја паузирате играта

Самоисклучувањето од коцкање некогаш останува единствен начин за да се реши проблемот. Пред се, потребно е да повлечете пари од сметката. Се разбира, ништо не ве спречува да направите депозит ако навистина сакате да се обложувате, но тоа барем ќе ви го одложува процесот на враќање во играта и ќе ви даде време да размислите. Исто така, може да го блокирате пристапот до сајтот во прелистувачот на компјутерот и мобилните уреди. Многу е корисна и поддршката на супервизорот кој редовно проверува дали лицето кое го контролира има коцкарски трошкови.

Самоисклучувањето од обложувалниците е најрадикалниот метод на ограничување. Ако не сакате да направите пауза, може да ги испланирате дозволените месечни трошоци за обложување за да одвоите одредено време за играње на платформата. Со одредување на буџет за облози, ќе ја задржите контролата над финансиите.

image